Во близина на градското пристаниште утрово е пронајден труп на човек кој бил исфрлен од Охридското Езеро. На местото на настанот истрага врши увидна екипа.

Според првичните неофицијални информации од СВР Охрид, станува збор за лицето С.Н. (62) кој исчезна на 29-ти октомври.

Охридската полиција трага и по уште едно исчезнато лице. На триесет и пет годишна жена од пред неполни две недели и се губи секаква трага откако нејзината чанта со личните документи и паричникот беше пронајена во близина на поранешното детско одморалиште.

Ohridnews