Охридското Езеро е на добар пат да обезбеди директен пласман меѓу 28-те финалисти во изборот за новите седум светски чуда на природата. Ова дотоклу повеќе што Охридското Езеро и Пештерата Врело од Македонија се избрани меѓу 77-те финалисти на глобалниот избор на новите седум светски чуда на природата.

Според пропозициите на изборот доколку двете номинации од Македонија изборат влез меѓу 77-те номицации, едната од нив по автоматизам влегува во финалните 28.


Неодамна, Зоран Тунтев од Македонскиот комитет за номинација на Охридското Езеро и пештерата Врело пред медиумите појасни дека со независна арбитража комисијата за избор на нови светски чуда на чие чело е поранешниот генерален секретар на УНЕСКО, Федерико Мајон, од 77 номинирани природни  атракции ќе треба да избере 28 финалисти. Тој изрази доверба во непристрасноста на комисијата и очекува Охридското Езеро да избори пласман во финалната фаза која ќе продолжи до 2011 година, кога ќе бидат избрани новите седум светски чуда.

– Доколку Охридското Езеро влезе во финалето тоа ќе биде извонредна прилика цел свет да дознае за Охридското Езеро и природни убавини кои ги имаме. Тоа крева многу прашина и носи многу туристи. За сите финалисти во вториот круг ќе се организира таканаречена „New 7 wonders tour“ и ќе се прават репортажи за секоја земја поединечно во кои ќе бидат вклучени најреспектабилните медиумски куќи во светот како „CNN“, „Routers“, „АP“ и други, кои ќе ни бидат драги гости, додаде Тунтев.

Ohridnews