За една седмица нивото на Охридското Езеро е зголемено за 3 сантиметри, но се уште е на минимум.
На 22 ноември Охридскотоп Езеро било на ниво 693,14 м.н.в., а според утринските мерења тоа се наоѓа на 693,17 м.н.в., што е нулта кота.
Изминатите години нивото на Охридското Езеро значително осцилира, што според струшната јавност се должи на климатските промени и односот кон најзначајното природно богатство на земјата кое се уште се третира како акумулација, имајќи предвид дека по течението на Дрим, само на македонска страна има две хидроцентрали поради што се регулира истекот на реката од езерото кај Струга.
OhridNews