Оваа година во водите на Охридското Езеро се удавија шест лица. Две давења се случија на охридската ривиера, а четири  во струшкиот дел од езерото.Последниот случај беше вчера кога во близина на Машка плажа во центарот на Струга се удавија седумнаесетгодишната Есма Велија од тетовското село Палатица и две години постарото момче  Азби Исмаили од селото Теарце исто така тетовско.


Трагедија на Машка плажа

Трагедијата се случила околу 13:30 ч. кога момчето и девојката со изнајмена педалинка се возеле на стотина метри од брегот позади островот од трски. Таму педалинката од засега непознати причини се превртела и ги повлекла младите во езерските води. Никој не ја забележал несреќата од високите трски, но се претпоставува дека телата биле во вода подолго време пред да бидат забележани од присутните на плажата.  Прв на помош пришол локалниот кајчар Африм. „Ја извадив девојката и се обидов да ја вратам во живот но безуспешно таа веќе беше мртва. Скокнав и го извадив момчето. Тоа даваше знаци на живот па го однесовме болница“, раскажува Африм. За жал и момчето подоцна починало во струшката болница.


Африм го покажува местото на несреќата

Стружани се револтирани и на градските власти и на државата бидејќи на Машката плажа секоја година се дави по некој човек. И покрај тоа оваа плажа која е една од најпосетените во Струга нема спасители на вода и не е обезбедена.  Тие се жалат и на дивеењето на скутерите и глисерите и велат дека е чиста сраќа што некој не настрадал и од нив. Стружани бараат надлежните да ги уредат и обезбедат плажите како што е тоа насекаде во светот за да се намалат несреќите со трагични последици.

Г. Момироски