Охридското Eзеро за кое науката сметаше дека е старо помеѓу еден милион и десет милиони години всушност е старо околу 3 000 000 години. Ова го покажале истражувањата што во изминатиот период заеднички ги спроведоа Хидробиолошкиот институт од Охрид и институтот за геологија и минерологија од Германија.
Истражувањата покажале дека во Охридското Eзеро постојат три поголеми тектонски пореметувања кои сеуште се активни. Земени се примероци од седиментот на тлото од Охридското Eзеро на сите длабочини, а понатамошните истражувања треба да дадат одговор за големата ендемичност која според научниците се должи на староста на Охридското Eзеро и неговата изолираност.
Се бара одговор за ендемичноста на Езерото
Гоце Костоски-Хидробиолошки Институт Охрид
Тој проект треба да започне во 2009 година и ќе чини околу 4 000 000 евра. Над 60% од средствата за новите истражувања ќе бидат обезбедени од Институтот за геологија од Келн преку интернационалната корпорација за истражување. Се очекува Владата на Македонија да партиципира во проектот со 100 000 евра со што Македонија ќе стане членка на интернационалната корпорација за истражување и ќе може да користи неповратни средства од нејзините фондови.
Берн Вагнер
Според Бернд Вагнер од Институтот за геологија во Келн со натамошните истражувања ќе се утврди целокупмната историја на Охридското Езеро. За тоа според Вагнер е потребно да продолжат испитувањата на седиментот на Охридското Езеро во наредните десет години.
презентирани резултатите од 4-годишните истражувања на Охридското Езеро
ohridnews
фото: Васко Бујароски