Нивото на Охридското Езеро денес  пораснало за цели три сантиметри и моментално се наоѓа на 693,95 метри надморска височина. Тоа е за 20 сантиметри повеќе од максимално утврдената кота.

Овој езерски водостој е највисок во последните 20 години и е за два сантиметри поголем од  водостојот кој бил евидентиран  во 1986 година, кога нивото на езерото било 18 сантиметри повисоко од максималната кота.

Поради врнежите од дожд и топењето на снегот предизвикано од релативно високите температури за овој период од годината, не се исклучува можноста од натамошно покачување на нивото на Охридското Езеро.

Ohridnews