Според последните мерења,  извршени денес, водостојот на Охридското Езеро е намален за уште еден сантиметар и сега котата изнесува 693,91 метри надморка височина,  односно 16 сантиметри над максимално дозволената граница, информираат од Центарот за управување со кризи.

Од таму објаснуваат дека езерото во последните десетина дена се намалило за вкупно 10 сантиметри и дека опасноста од поплави и излевања пополека го одминува охридското крајбрежје.

OhridNews