Охридското Езеро да не се издава под концесија пред да биде донесен новиот закон за рибарство. Освен спортски риболов со трска од брегот, да се прогласи целосна забрана на стопанскиот риболов, а на Хидробиолошкиот институт и на мрестилиштето Шум да им бидат одобрени дополнителни средства од дравата за ангажирање агенција за физичко обезбедување на Охридското Езеро.
Ова се заклучоците што на вчерачната работна средба ги договорија претставниците на Хидробиолошкиот институ спортските риболовци, невладиниот сектор со претствниците на министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство и за животна средина.
каде е пастрмката?
На средбата беше речено дека рибниот фонд на охридска пастрмка е неколкукратно намален . До овој момент за потребите на вештачкиот мрест во охридско собрани се 500.000 зрна икра што е речиси три пати помалку од истиот период лани, додека во струшко годинава се собрани 200.000 зрна икра, 100 илјади помалку од лани и дури пет пати помалку од 2005 година кога во мрестилиштето Шум биле собрани над 1 милион зрна икра.
Невладиниот сектор смета дека главна причина за драстичното намалување на рибниот фонд на пастрмката е употребата на висечките мрежи цели 18 години, поради што се смета дека пастрмката е повлечена од природните живеалишта во подлабоките води. Невладините сметаат дека сериозен проблем претставува и одгледувањето на калифорниска пастрмка во албанската страна од езерото. Според невладините организации проблемот со рибокрадството може да се реши доколку на лицата кои го вршат им се обезбеди друг начин на егзистенција, а за потребите на рестораните охридска пастрмка да се одгледува во посебни рибници.