Претседателот на Република Македонија,  Ѓорге Иванов, денеска, ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија ” на пет македонски организации од дијаспората во Француската Република, Кралството Шведска, Австралија и Канада.

Признанието „Повелба на Република Македонија” ќе биде доделено на следните македонски организации од дијаспората: Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски” од Мелбурн, Австралија; Француско-македонската асоцијација „Блаже Конески” од Мант ла Жоли, Француската Република; Културното и спортско друштво „Преспа – Бирлик” од Малме, Кралството Шведска; Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј, Австралија и Ансамблот „Македонка” од Торонто, Канада.

Признанието „Повелба на Република Македонија” се доделува за особени заслуги и за достигнувања на организациите во насока на зачувување и на афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности, како и за придонес кон унапредување на пријателските односи и соработката со повеќе држави во светот.

OhridNews