Во ресторанот Канео во Резерво, на Охридското социјално друштво „Свети Наум Охридски“ од Австралија и официјално му беше предадено признанието од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
На свеченоста во ресторанот, на претседателот и членовите на друштвото, Повелбата им ја предаде Блаже Џиков. Во пригодниот говор претседателот на друштвото Васко Ангеловски нагласи дека ова признание е потврда за хуманитарните активности и ангажмани за негување на македонскиот јазик, култура, традиции и идентитет.
– Сега имаме обврска и дополнителен мотив уште повеќе да придонесуваме за Охрид и Македонија, рече Ангеловски. Ангеловски посебно им се заблагодари на спонзорите Игор Георгиевски од Електрикал конективити, Илија Менкиновски од Харкоуртс агенција за недвижности, Гоце Петковски Атриум билдинг, Целе Петрески од ДГ видео.
Охридското социјално друштво „Свети Наум Охридски“ со седиште во Мелбурн- Австралија активно работи повеќе од 32 години. Од управата најавуваат дека ќе има нови донации и во наредниот период.
OhridNews