За потребите на аметерската фудбалска репрезентација фудбалерите од Третата лига поделени во две селекции одиграа тест средба во Струга.

Западната селекција беше составена од фудбалери кои доаѓат од охридско-струшките екипи Вулкан, Влазними, Караорман и останатите од југозападниот регион.

„Домашната“ селекција предводена од Зоран Ѓорески и Скендер Таири триумфираше со 3-0, а головите ги постигнаа Хани Ветон, Никола Секуловски и Ивица Ќелешовски.

Мх.П.