Откако двете екипи пред стартот на мечот на теренот се појавија во дресови во сина боја, мораше да интервенира домаќинот. Според пропозициите гостинот е тој кој треба да ги промени дресовите во случај на иста боја. Но бидејќи госитите немаа резервна варијанта понесено со себе, охриѓани како добри домаќини им ги подарија традиционалните бели дресови на гостите.
Оние што со задоцнување пристигнаа на стадионот се израдуваа на погодокот на “белите“, но веднаш потоа по разговорот со останатите им беше ставено до знаење дека гостите се тие кои постигнале гол.
Охриѓани се откажаа од традиционалната бела боја која им донесе повеќе среќа и три бода на гостите.