Непознат сторител вчера извршил кражба во домот на охриѓанецот И.С., од каде одзел 13.500 евра и други вредни предмети.

Според пријавата на оштетениот, крадецот влегол преку  незаклучаната влезната врата од куќата, незабеленао се качил на катот во спалната соба и одзел женска чанта во која имало 13 500 евра, дрвена кутија во која имало  златен накит (прстен, обетки, огрлица и нараквица).

Материјалната штета се проценува на околу 1.180.000,00 денари.

ПС-Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

OhridNews
извор:МВР