Долго одекнуваше громогласниот аплауз синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, по завршувањето на претставата „Стаклена менажерија“ во изведба на Народниот театар од Охрид, во режија на Софија Ристевска, со која официјално започна театарскиот дел од фестивалот „Охридско лето“.

Во претставата, која е работена според дело на Тенеси Вилијамс, која говори за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот, играат Стрезо Стаматовски, Никола Торороски, Адијата Билаловоќ Тодороска и Филип Кипровски, кои со многу енергија ја одиграа оваа комплексна претстава која е полна со емоции кои длабоко допираат до чувствата на луѓето.

Задоволство од претставата изрази и драмскиот селектор на „Охридско лето“ Александар Поповски, кој рече дека заедно со библиката уживале во изведбата.

а знам работата на Софија уште претходно, но имав можност да видам една, за мене, нова актерска екипа, бидејќи јас често не сум во Македонија, и големо задоволство ми е да запознавам актери кои не сум ги гледал на сцена. На многу интересен начин ми е направена претставата и многу интересно е отворена оваа тема, навистина ми беше пријатно да ја проследам и гледам дека публиката уживаше. – изјави за „OhridNews“, драмскиот селектор Александар Поповски.

Поповекси истакна дека негова интенција како селектор идната година ќе биде сите претстави на фестивалот да се играат на отворена сцена, дотолку повеќе што Охрид го овозможува тоа.

До крајот на фестивалот публиката ќе види уште неколку претстави од домашната продукција, како и театаркиот спектакл „Илијада“ од Хомер – копродукциски проект на Словенечкиот народен театар,  Драма Љубљана, Цанкариев Дом и на Градски театар од Словенија.

Фото галерија:

Г.М.