Охридско лето најавува Новогодишен концерт со светски познатиот квартет „Диогенес“ кој го сочинуваат Стефан Кирпал и Гундула Кирпал на виолина, Алба Гонзалес и Бецера на виола и Стивен Ристау на виолончело.
Несекојдневно уживање со делата на Јозеф Хајдн, Ервин Шулхоф и Јоханес Брамс, велат организаторите.
Билетите се по цена од 300 денари и може да се резервираат на 046 262 304. Концертот ќе се одржи на 15ти декември со почеток во 20:00 часот во Национална Опера и Балет – Скопје.
OhridNews