Денес на програмата на фестивалот Охридско лето, со почеток во 21 часот во црквата Св. Софија, е настапот на Ксенија Јанковиќ- виолончело и Ненад Лечиќ – пијано. Ќе изведуваат дела од Шуман и Рахмањинов.

Ксенија Јанковиќ потекнува од фамилија на музичари. Маѓепсана од виолончелото, почнала да свири уште во својата шеста година. Уште на деветгодишна возраст дебитирала со Белградската филхармонија. Образованието го продолжила во Централната музичка школа при Московскиот конзерваториум. После победата на неколку национални и интернационални натпревари, во 1981 година ја освоила Првата награда на познатиот Конкурс Гаспар Касадо во Фиренца, со што започна нејзината меѓународна афирмација. Свири со уметници како што се Гидон Кремер, Андреас Шиф, Хајнц Холигер и Табе Цимерман.

Ненад Лечиќ го приредил својот прв рецитал и ивзедба со оркестар на 11 годишна возраст. Од тогаш тој победил на 6 поголеми национални натпревари. На 12 годишна возраст тој станал најмладиот ученик со специјален статус во историјата на Белградската Музичка Академија.

Ohridnews