Нашата најреномирана  културна манифестација, фестивалот Охридско лето ќе се вклучи во Годината на европски интеркултурен дијалог, што во следните 12 месеци ќе се одржува во европските земји.

Завчера во Љубљана, претставници од 25 фестивали од Европа, потпишаа декларација за поддршка на интеркултурното творештво во европската уметност, меѓу кои и Охридско лето.

Потписниците на декларацијата се обврзани во текот на годинава во рамките на фестивалските програми да внесат театарски претстави, концерти, како и литературни презентации на дела од автори од различни земји и културни средини.

Со вклучувањето во Годината на европски интеркултурен дијалог, фестивалот Охридско лето уште еднаш го потврди високиот меѓународен рејтинг.

ohridnews