– Алтернативи има, но ние воопшто не размислуваме за тоа, бидејќи Античкиот театар е местото каде вистински може да се доживее спектаклот кој се подготвува за свеченото отворање, ни изјави во кусиот разговор музичкиот селектор Гордана Јосифова Неделковска. Таа изрази надеж дека времето ќе ги послужи уметниците и дека се ќе мине во најдобар ред.
Охридско лето ќе се отвори на Античкиот театар, за алтернатива не се разлислува
Како што е познато на свеченото отворањње на фестивалот Охридско лето, на 12 јули на Античкиот театар, под диригентската палка на светски познатиот диригент Михаил Плетнев ќе настапат Рускиот национален оркестар и македонскиот пијанист Симон Трпчески, а спектаклот ќе биде зачинет со кратки сегменти од познати театарски претстави. Најавени се и неколку изненадувања за публиката, кои се чуваат во тајност.