Музичкиот уметник Оливер Арсовски е избран за нов директор на фестивалот „Охридско лето“ на редовниот конкурс што го распиша Министерството за култура, откако на претходниот раководител Елизабета Јанкуловска и заврши четиригодишниот мандат.
Информацијата за OhridNews ја потврдија од министерството за култура, посочувајќи дека решението за назначување на Арсовски за директор на најзначајната културна манифестација во земјата, било потпишано вчера.
Виолинистот Арсовски е поранешен директор на Македонската опера и балет и уметнички директор на Фестивалот за забавна музика „Макфест“.
OhridNews
фото: „Утрински“