Националните установи „Охридско лето“ и Македонската опера и балет се вклучуваат во акцијата за помош на младата Сара Настеска од Охрид со изведба на детската балетска претстава „Петар Пан“. Претставата ќе се одигра на 29-ти ноември на сцената на МОБ во Скопје.

Во рамки на хуманитарната акција претходно за децата од Охрид кои ќе бидат дел од оваа хуманитарна акција ќе биде организирана посета на МОБ со цел истите да се запознаат со работата на оваа националната установа.

На 15 – годишната Сара и е неопходна трансплантација на коскената срж за што се потребни 200 000 евра. Приходот од влезниците ќе оди на сметката за помош на семејството Настески од Охрид.

OhridNews