Фестивалот Охридско лето денеска го слави својот 47. роденден, кој ќе биде одбележан со концертот на Македонската филхармонија и солистите Ана и Игор Дурловски и Благој Нацоски. Концертот ќе се одржи на Античкиот театар во 21ч.

Претходно  во Центарот за култура „Григор Прличев“ во рамките на фестивалот ќе биде отворена изложба на икони од авторот Благојче Петревски.

Приказната за Охридско лето започна  во далечната 1961 година на 4 август,  со настапот на извонредната оперска пејачка Ана Липша Тофовиќ во неповторливиот амбиент на катедралната црква Света Сфија.

Фестивалот низ децениите доживеа огромен раст за денес Охридско лето да претставува најзначајна културна манифестација во Македонија.

ohridnews