Фестивалот “Охридско лето ” се закити со уште едно големо признание од државниот универзитет “Свети Кирил и Методиј”. Признаието доаѓа како резултат на поддршката на сите културни збиднувања што ги организира универзитетот.
” Всушност ние им даваме поддршка на сите настани од областа на културата што ги организира универзитетот, а соработуваме и со многу други културни институции зашто нашата цел е да го збогатиме културниот живот во Охрид и во државава“, изјави за Ohridnews, директорот на фестивалот “Охридско лето “, Тони Симоновски.
“Меѓу другото, вели Симоновски, дадовме несебична поддршка на семинарот за балет што се одржа пред годинешното фестивалско издание, како и на мастер-класата на професорот Борис Романов.
Ohridnews