Широка лепеза составена од концерти, претстави, балетски изведби, рецитали ќе бидат понудени на менито на годинашното Охридско лето.

48 Охридско летo в Сабота 12 јули, на Петровден во  Античкиот театар ќе биде отворено со концерт на светски познатата вокалистка Џеси Норман.

Предворјето на Црквата „Св. Софија“, Долни Сарај, Античкиот театар, хотелот „Парк“, Центарот за култура „Григор Прличев“ се неколкуте локации на кои уметници од целиот свет ќе го удрат својот печат.

Во оф-програмата концерт ќе одржат „Леб и сол“.

ohridnews