“Ладните“ Норвежанки и “врелите“ Шпанки ќе се борат за македонското злато.

Во финалето на ЕП што во изминатие 12 дена се одржуваше во Охрид и Скопје, ќе се сретнат репрезентациите кои беа дел од Б групата која се играше во Охрид.


Премиерниот натпревар на континенталниот собир помеѓу овие две репрезентации заврши реми 21-21.

Натпреварот против Шпанија беше единствениот кој Норвежанките не успеаја да го решат во своја корист.

“Црвената фурија “ на патот до финалето покрај ремито со Норвешка беа поразени од Данска (26-23). Шпанките благодарение на Норвешка се најдоа во финалниот викенд, па сега ќе имаат можност да им се “заблагодарат“ .

За Фуријата ова е прво евро финале во нивната историја, додека за олимипските првенки ова ќе биде четврто последователно евро финале.

Покрај овој, интересен ќе биде и дуелот на стрелците. Норвежанката Ригелхут (45 голови) ќе влезе со шест предност пред Шпанката Манге (39).

Финалниот натпреварот се игра во 16.30 минути во салата“ Борис Трајковски“ во Скопје.

Во малото финале за бронзениот медаљ во 14.00 часот ќе играат Германија – Русија.

М.П.