Дали нашето најголемо природно наследство, Охридското Езеро ќе успее да се квалификува како ново светско чудо, зависи од нашиот интерес да го поддржиме неговиот избор. Езерото заедно со пештерите „Врело“ кај Матка се најдоа помеѓу 261 предлог за избор на ново светско чудо.


Изброт започна во 2007 година а пријавени беа 441 природна убавина од сите краеви на светот.Од првите 77 рангирани, според гласањето, ќе се избираат 21 природна убавина. Во 2011 година, седумте првопласирани од 21, ќе го добијат епитетот „светско чудо“.

За македонските предлози може да се гласа до 7 јули годинава на интернет страницата www.new7wonders.com/hp

Организатор на изборот е швајцарската невладина организација „Нови светски чуда на  светот“.

Засега,Кинескиот ѕид, Римскиот колосеум, статуата на Исус Христос во Рио де Жанеиро, Таџ Махал во Индија, градот Петра во Јордан, пирамидата на Маите Чичен Ица во Мексико и загубениот град на Инките – Мачу Пикчи се  седумте светски чуда во светот.

Ohridnews