Со покачување на водостојот на езерото и реките на површина излегоа сите проблеми пред кои со години замижуваме. Неисчистените канали во кои се фрла се и сешто, од надојдената вода се чистат од отпадот, во најголем дел пластични шишиња. Фотографиите кои ги направи нашиот сограѓанин Никола на реката Грашница говорат за негрижата на човекот кон животната средина. Целото ова ѓубре се влива во Охридското Езеро за кое божем сме многу загрижени. Срамно!


Реката Грашница со себе носи пластечен отпад

OhridNews