Врнежите оваа пролет и надојдените реки го кренаа нивото на Охридското Езеро. Хидролошката ситуација е позитивна, што поволно ќе влијае и на производството на електрична енергија, бидејќи Охридското Езеро се’ уште се користи како акумулација која се регулира преку реката Дрим. 

Ветрот кој дуваше денеска го разбранува езерото. Брановите го заплискуваа кејот, па ретки беа минувачите кои се двиежеа покрај брегот.

Според прогнозта на Управата за хидрометеоролошки работи, утре ќе преовладува сончево време со умерена облачност, попладне, на места, со изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 17 степени, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 6.

Од четврток се очекува стабилизација на времето и значителен пораст на температурите кои викендот ќе се искачат до 30-от степен Целзиусов.

Г.М.