Позицијата број три е влогот во денешната дерби пресметка во Билјанини Извори со почеток во 19 часот. Охридскиот АМАК СП, кој во втората фаза нема пораз на домашен терен, во мечот со С. Пелистер влегува со позитивна серија од три победи. Негативната серија Битолчани, минатото коло ја прекинаа со изнадувачкиот триумф над МЗТ ФОН.

Во пресрет на четвртата меѓусебна пресметка “зелените“ имаат 2-1 предност. И едните и другите ја искористија предноста на домашен терен. На првиот натпревар во Билјанини АМАК триумфираше со 83-64. На крајот од првата фаза, во натпревар на кој охриѓани имаа големи поплаки на судиите, триумфираа  зелените со 83-79. Во првото коло од втората фаза во “Младост “ Пелистер го совлада АМАК СП со 95-87.

Сите погледи во овој меч ќе бидат свртени кон најдобриот стрелец кај охриѓани Џарид Фрај кој на досегашните пресметки со Пелистер на двапати застана на бројката 34. Од помош на Фрај  се очекува да бидат се подобриот  Тасески како и В. Стојаноски кој на минатиот меч испорача 32 поени.

Судии: Игор Митровски, Петар Денковски, Александар Сарџовски. Делегат: Блаже Поповски.  

Статистика прв дел од втората фаза :

  ОН
 Ск Асс Вк. П.
Д.Стојановски  5 7 2 33
A.Тaсeвски   7 16 19 69
З.Стојанов  6 11 0 30
Џ.Фрај  7 38 12 181
Д.Вeгoв   5 4 3 10
Р.Тејлор   6 24 0 47
В.Стојановски  7 12 9 115
В.Неделков   7 19 6 11
Ј.Николовски   4 4 2 12
А.Стефаноски  3 3 0 10
В.О’Нил  7 42 2 72

ОН – Одиграни натпревари, Ск – вкупно скокови,  Ас – вкупно асистенции, Вк.П. – вкупно постигнати поени