За средства од ИПАРД можат да аплицираат земјоделски производители, одгледувачи на добиток, независно дали се работи за млекопроизводители или за одгледување добиток за месо, одгледувачи на овошје, градинарски култури, како и средства за обновување на стари лозови насади, истакна Маргарита Делева, државен советник за рурален развој при Министерството за земоделство, шумарство и водостипанство. Таа појасни дека европските срдства се наменети за поддршката на преработувачкиот сектор, преку инвестиции за нови откупни центри за овошје и зеленчук, потоа собирни центри за сурово млеко, преработувачки капацитетеи за млечни производи, за овошје и зеленчук, кланични капацитети, како и за воведување еколошки стандарди за третирање на отпадот од кланичните капацитети во месната индустрија.
Земјоделци и одгледувачите на добиток сметаат дека процедурата за аплицирање до овие средства е мошне компицирана, а критериумите превисоки.
– Оваа програма е за оние земјоделци кои веќе имаат финансиски средства и капацитети, кои преку овие средства ќе можат да се модернизираат и да ги приближат своите производи до стандардите на ЕУ. Овој ИПАРД не е социјална програма, туку програма за модернизирање на производството, истакна Марија Ѓошева Ковачевиќ од Федерацијата на фармери на Република Македонија.
Поединечен корисник може да аплицира за кредитирање проект од минимум пет до 200 илјади евра, со можност доколку се воведуваат сите европски стандарди тој кредит да достигне и до 400 илјади евра.