Владо Стефановски, претседател на О.К. ВМРО ДПМНЕ од Охрид, заедно со уште 14 директори на болниците, е на осумдневна обука за менаџмент и лидерство во САД, во државата Минесота каде ќе учи како да управува со болниците. Ова патување на директорите државата ќе ја чини 60 000 долари или по 4.000 долари од човек. Парите се обезбедени со последниот заем од Светска банка и ќе се отплаќаат од буџетот во наредните неколку години, пишува двонеделникот АМАК ПРЕС Охридски новини, во најновиот број што излегува денеска.

Владо Стефаноски е началник на трудова медицина, а не е директор, туку е потчинет на Митко Дабески и Александар Гушевски како директори. Тој со што ќе менаџира кога ќе се врати во земјава не ми е јасно, реагираат луѓе кои беа ангажирани во односите со јавноста кога со Општиснкиот Комитет ракводеше поранешниот раководен состав.

Пред два месеци ми се јавија дека сум планиран да одам во Америка и Анкара и тоа беше тоа, после не ми се јавија од министерство, пред неколку дена ми стигна извесутвање за да одам во Анкара, но сега имам здравствен проблем и најверојатно нема да одам ни таму – ни изјави директорот нна општата болница  Љубен Арнаудов. Тој додава дека во сето ова гледа една ниска полтичка пресметка која не  носи добро на партијата.

Јасно е дека некој злоупотебува лични врски со медиуми за лични цели. Многу е лошо што некој ја злоупотребува партијата за лични интереси и пласира вакви безначајни информации. Некој сметал дека треба Владо да оди и нека оди, не е тоа никаков проблем, но ова е јасно од каде се пласира и лошо се одразува на паритјата со една дискредитација која ја правиме сами на себе – вели за „Амак прес“, Арнаудов.

Владо Стефаноски од Минеаполис изјави дека неговиот престој во САД е сосема регуларен и не гледа ништо спорно во тоа што тој посетил ваква обука бидејќи како што рече, тој таму заминал бидејќи бил во управниот одбор на Здравствен дом.

„Јас во Америка заминав сосема легално, и тоа може да се провери во Здравствен дом каде има решение со од кое можете сите да се уверите дека јас сум член на Уравен одбор, обратете се кај директорот на Здравствен дом или во министерството и можете веднаш да го видите решението. Не гледам ништо спорно во тоа што посетив осумдневна обука во САД“   – изјави Владо Стефаноски.

Директорот Митко Дабески кој иако во јавноста беше посочуван како еден од најоштетените, не сакаше да даде изјава. „На таа тема немам кометар тоа е одлука на министерството , јас не коментирам ништо, обратете се во министерството, проектот го водеше заменик министерот Лазаревиќ до кого треба да се  обратите за одговор, изјави Дабески..

Овој случај кој некои го оквалификуваа  како афера, јавнста го оценува  како уште едно внатрепартиско пресметување во ВМРО ДПМНЕ. Оваа партија уште од своето основање ја следи еден тренд на лесно испливување на површина на внатрешните состојби. Повторно се покажа дека вмровците, лесно кај новинрите доставуваат информации, а ако се работи за информации кои компромитираат некој член на нивната партија, тие тоа го прават уште полесно, пишува Амак прес.

ohridnews