По повод  Денот на светскиот мир, денес, општинската организација на  Сојузот на борците од НОАВМ од Охрид ја организира манифестацијата ” ВЕТЕРАНИТЕ ЧЕКОРАТ ЗА МИР”.

Маршот на мирот започнува во 11 часот од кај бараките на Гранит, а ќе заврши на плоштадот пред споменикот на Св.Климент Охридски.

На  свеченоста на плоштадот ќе биде прочитана  пораката на Генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун и ќе биде изведена уметничка програма.На маршот ќе учествуваат и членовите на историските секции од основните и средните училишта од Охрид.