Четири први, три втори и три трети места за веслачите на охридскиот “Југ“ на Меѓународната Илинденска регата, која викендов се одржа во водите на Охридското езеро.


Околу 70 веслачи од седум клубови од земјава и регионот  се натпреваруваа во дисциплините “Скив” и “Дублскул”, во пионерска, кадетска, јуниорска и сениорска конкуренција. На 12 од предвидените 13 трки по четири пати триумфираа  “Галеб”, “Палиќ” и “Југ”

Задоволен сум од постигнатите резултати имајќи ја во предвид силната конуренција на овогодинешната регата – рече Климе Матилоски од охридскиот В.К.”Југ”.

На регатата покрај домаќинот “Југ”, учествуваа “Црн Дрим” од Струга од Македонија, “Палиќ” од Суботица, “Галеб” од Земун и “Бегеј” – Зрењанин од Србија, како и “Тракија” – Пловдив и “ЦСКА” – Софија од Бугарија.

М.П.