Охридските велосипедисти се натпреваруваа во конкуренција на 45 натпреварувачи во класата јуниори и мастерси.
Јуниорите се натпреваруваа на патека долга 4,5 км., а по пет извозени круга, на целта прв пристигна Јахи Ибиши од В.К. Енерџи-Скопје со време од 1.24’48”. Второто место му припадна на Владимир Бошкоски од В.К. „Екстримбајк“ – Битола со вкупно време од 1.26’47” , а третото место го зазеде Драгољуб Ѓорѓевиќ од В.К. „Енерџи“ – Скопје со време од 1.27’24”.
Од В.К. „Еко Дром“ најдобро пласиран беше Јован Јованоски со вкупно време 1.40’25” на петтата позиција, следеа Андреј Хаџивасилев на шестата позиција со вкупно време од 1.49’16”, и Јованчо Тодороски на седмата позиција со вкупно време од 1.56’23”.
Во класата „мастерс“ првото место го зазеде Оливие Дезиведари од В.К. „Енерџи“ – Скопје со вкупно време од 1.31’01”, втор беше Дејан Тодоров 1.37’38”, а третото место му припадна на Владимир Секуловски 1.40’55” и двајцата од В.К. „Енеџи“ – Скопје.
Во Скопје немаше место на пиедесталот за охриѓани