Под мотото “Охрид во чест на СВ Климнет Охридски“, Охридските уметници ќе дадат свој придонес во одбележување на празникот Св. Климент Охридски (летен). Хепенингот ќе се одржи на централниот плоштад кој го носи името на заштитникот на градот во 21 часот.
–
Привилегија е да се родиш во Охрид, ако ги познавате сите слоеви духот кој се пренесува преку Климент, Наум, Еразмо, градот има педигре кое континиирано живее. Наша задача е да го продоложиме тој континуитет. Охрид е бренд кој може да се промовира секаде во светот, а ова е најмалку што може да го дадеме за Охрид – истакна Владимир Василески-Четкар,
Сите до еден присутни артисти се заблагодарија на поканата и ја поздравија иницијативата.
На хепенингот предвидено е да настапат познати естрадни имиња меѓу кои: Ѓоко Танески, Ева Нединкоска, „Схине“- Јордан Манов и Дамјан Пејчиноски, Тања Цароска, Јован Куциновски (екс група СЛЕНГ), Климент – Кербер (екс група СЛЕНГ), Хорот при ОСУ „Свети Климент Охридски“, Силви Бенд, „Тхе Блоом“ и др.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com