Во рамките на реализацијата на годишната програма, Одделението за заштита на животната средина при општина Охрид, ќе го спроведе проектот „ЦВЕТНИ БАЛКОНИ – ЦВЕТЕН ОХРИД “.
За таа цел во понеделник на 9-ти февруари во 17 часот во големата сала на општина Охрид, ќе се организира средба со жителите од улиците: „Цар Самоил“, „Коста Абраш“ и „Кузман Капидан“. На оваа средба граѓаните ќе може да дадат свои предлози и да учествуваат во спроведувањето на проектот.
OhridNews