Доколку нарачате пример водка нема да добиете “обична“ туку некоја позната марка, исто важи за узо, коњак, џин. Дека сте пиеле нешто “екстра“ ќе дознаете кога ќе ја добиете сметката на која некој од горе наведените пијалаци чини 120-130 денари, а вообичаено сте плаќале помалку.
Се` би било во ред доколку келнерот при нарачката ви наброи кои видови од нарачаниот пијалак се служат во објектот. Така би било коректно и професионално, а не гостите да се ставаат пред свршен чин.