Претставници на угостителскиот еснаф од Охрид ќе присуствуваат на презентацијата на резултатите од истражувањето за  загубите во угостителството по имплементацијата на Законот за заштита од пушењето, што го спроведе Туристичко – угостителската комора на Македонија.

Анализата ги споредува резултатите во работењето на угостителските објекти во јануари 2010 година со истиот период минатата година.

Според најавите на прес конференцијата ќе бидат презентирани резултати за загубите на угостителскиот сектор, кои како што се наведува, влијаат на намалување на продажбата на пијалаци и  прехрамбени производи.

Угостителите неодамна до надлежните државни институции поднесоа барање за измени во Законот за заштита од пушењето со цел да се намалат негативните ефекти од неговата имплементација во работењето на овој сектор.

Ohridnews