Охридските угостители бараат фер однос од институциите како на централно така и на локално ниво, и да се почитува нивното мислење при носењето одлуки кои нив ги засегаат. Со цел што поорганизиран настап пред институциите тие покренаа иницијатива за формирање еснафаско здружениe кое во иднина ќе ги штити нивните интереси.
Угостителите не се задоволни од односот на инспекциските служби при контролите за кои тие сметаат дека се вршат во несоодветни термини, во ударни денови и полни објекти. Тоа остава лош впечаток кај посетителите, дека угостителите работат нешто незаконски што не е добро, вели Димитри Пендоски од Иницијативниот одбор за формирање на еснафскио здружение на угостителите.
Угостителите не се задоволни и од начинот на кој локалната самоуправа, но и државата ги носи одлуките поврзани со работата на угостителите. Една од таквите одлуки е и работното време на угостителските објекти, но и проблемот со поставувањето на терасите на јавните површини, кој еднаш мора да се реши, вели Пендоски. Тераси во туристичката сезона во Охрид треба да има. Се разбира тие не треба да се неограничени, но и не смее да се лимитират само на ред ули два од објектите, смета Пендоски.
Еден од приоритетите на угостителското здрушжение ќе биде и решавањето на проблемот со персоналот. Предлогот на угостителите е во иднина вработувањето да се врши само со препорака.
За овие како и за многу други актуелни теми, угостителите отворено ќе дебатираат денеска на основачкото Собрание на Угостителскиот Еснаф на Охрид. Целта на формирањето на здружението е угостителите да станат партнер и фактор во решавањето на прашањата поврзани со нивната дејност. Тие најавуваат дека во здружението ќе членуваат само оние угостителски објекти кои ги исполнуваат законските норми за вршење на дејноста. Проценките се дека во Охрид има 150 угостителски објекти со околу 1000 вработени.
Г. Момироски