Коронавирусот Ковид 19 дефинитивно го промени светот. „Ништо веќе не е како порано“ – често може да се слушне овие денови. Здравствената криза, која предизвика сериозна економска криза наметнува нови правила. На ситуацијата се адаптираат и охридските угостители, кои по повеќе од два месеца, вчера повторно ги отворија вратите за гостите. Работат во вонредни услови, со вонредни мерки за безбедност на посетителите и вработените, согласно Протоколот изготвен од надлежните институции.

Но, охридските угостители отидоа и чекор понатаму, покажувајќи уште еднаш инвентивност и креативност, а пред се одговорност. Еден таков пример е ресторанот „Чун“ во центарот на градот, кој освен пропишаните безбедносни мерки како што е растојание помеѓу масите, ограничен капацитет и редовна дезинфекција воведе и дигитално мени. Така, сега, гостите ќе можат да го изберат омиленото јадење и пијалак со едноставно скенирање со паметен телефон.

Здравствените власти апелираат до сите да останат и натаму исклучително внимателни, затоа што опасниот Ковид 19 кој однесе стотина животи во земјата и зарази над 2000 се уште е тука и може да биде присутен уште долго време. Апелираат на почитување на основните мерки за превенција, а тоа се држење физичка дистанца, редовна дезинфекција и често миење раце,

Г.М.