Според угостителите, одредени мислења кои беа изнесени на недодамнешната средба помеѓу жителите од МЗ Стар град и локалната самоуправа не кореспондираат со вистинската состојба во овој дел од градот. Решенијата кои жителите од стариот дел на Охрид ги предлагаат за угостителите се неприфатливи и според нив не само што нема да придонесат за развој на туризмот, туку се и во спротивност на законот.
Угостителите како даночни обврзници преку плаќањето на давачките кон држава учествуваат во развојот на градот, а од угостителството езгистираат 700 вработени во Охрид, и доколку работното време се скрати и онака тешката состојба во угостителството дополнително ќе се усложни, вели Пендовски.
Угостителите ги повикуваат надлежните инспекциски органи во согласност со законот доследно да го спроведат законот кон оние прекршители кои со своето работење негативно влијаат врз функционирањето на градот и потребите на граѓаните. Тие треба да бидат санкционирани согласно законот, но никако не смее заради нив да трпат сите останати, сметаат од Угостителскиот еснаф, од каде очекуваат градоначалникот Петрески сериозно да ги разгледа нивните предлози, а решенијата кои ќе се донесат да бидат во интерес на сите.
Г. Момироски