Здружението „Охридски еснаф“ ја поддржува иницијативата на угостителите при Стопанската комора на Македонија и го повика своето членство да го изрази своето незадоволство и несогласување од постоечкиот Закон за заштита на пушењето со 24 часовен прекин на работата од 08 часот на 22.01.2010 година до 08 часот на 23.01.2010 година.
– Се надеваме дека на овој начин ќе успееме да ги убедиме надлежните дека постоечкиот закон е премногу ригорозен и тешко применлив и постои потреба од негова итна измена. Воедно бараме во измените што ќе следат да бидеме активно вклучени со наши предлози и размиславања се со цел да се донесат решенија кои ќе ги задоволат и потребите на противниците на пушењето, но и на нас како активни чинители на стопанскиот живот во Република Македонија, се вели во соопштението на здружението „Охридски еснаф“
По силните реакции на угостителите, влaдејачкото мнозинство најави измени на Законот за заштита од пушењето, со кои се предвидува во периодот од први март до 31-ви октомври пушењето цигари да биде дозволено на терасите и летните бавчи на угостителските објекти, отворените дискотеки, плажите, како и на спортските натпревари и јавните собори кои се одржуваат на отворен простор. Предлогот го подготвува пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. Предлагачите на измените појаснуваат дека во затворено и натаму нема да може да се пуши, додека на отворено ќе може. На тој начин според нив, ќе има добар баланс помеѓу заштитата на здравјето на непушачите, и потребите на пушачите.
Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура и туризам доби 31 милион де...
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2025 година, во споредба со декември 2024 година, е зголемен за 02 % Споредено по групи на...
На свеченост што денес се одржа во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше врачена наградата за најдобра поема на лауреатот Андреј Ал-Асади за поемата “Никогаш пред ил’ потем” под шифра “Хидаспе...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.