Во пресрет на почетокот на учебната година, градоначалникот Никола Бакрачески денеска одржа редовен работен состанок со директорите на охридските основни и средни училишта. На средбата присуствуваше и директорот на ЈУДГ „Јасна Ристеска“ при што се разгледаа одредени аспекти од работењето на оваа воспитна институција.
Директорите го информираа градоначалникот Бакрачески за сите преземени активности во рамки на институциите кои ги раководат при што од негова страна беше посочено дека ќе имаат максимална поддршка во создавањето предуслови за унапредување на образовниот процес во градот. Притоа беше подвлечено дека општината максимално ќе се заложи и ќе помогне во исполнување на сите останати предуслови за беспрекорен почеток на учебна година и реализација на наставата во добри услови.
Заедничка беше констатацијата дека образовните институции се подготвени за успешен почеток на учебната година, а детската градинка е подготвена за згрижување на најмладите во нејзините објекти.
OhridNews