501 прваче, 4672 основци и 2258 средношколци во општина Охрид денес го одржаа првиот час во новата учебна 2015/ 2016 година.

Како што изјави градоначалникот Никола Бакрачески сите училишта во Охрид подготвено ја започнуваат новата година, дел од нив и со реконструирани простории.

Создадени се сите услови за непречен и континуиран тек на учебната година. Во изминатиот период се вршеа интензивни подготовки во сите училишта, некои беа и финансиски помагани за исплаќање на нивните финансиски обврски, а се изврши и реконструкција на дел од објектите. Сакам им го честитам почетокот на новата учебна година пред се на првачињата кои за прв пат влегуваат во светот на знаењата,им посакувам успешен старт, добро здравје, успешно да ги совладаат  наставите програми и да се стекнат со нови знаења и да продолжат во процесот на дефинирање на нивите насоки на движење во иднина кон повисоко образование и успешно градење на кариерата. Посакувам успешен старт и за наставниците и реализација на наставните програми , рече градоначалникот Бакрачески кој присуствуваше на првиот училишен ден во ОТУ „ Ванчо Питошески“.

Утрово градоначалникот беше во посета и на основното училиште „ Ванчо Николески“ во селото Лескоец каде свеченото беше пуштена во употреба новата библиотека во училиштето.

Весело и раздвижено денес беше и во останатите  училишта во општината каде со пригодна програма беше одбележан првиот школски час.

 OhridNews