Во поголем дел од училиштата летово се вршеше подобрување на условите за образование. ОУ „БРатство и Единство“ доби нова фасада, а во основните училишта „Григор Прличев“ и „Наум Охридски“ во Пештани е поставено ново парно греење. Во ОУ „Христо Узунов“се санираше дворот, а во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти и во Гимназијата се изврши промена на дограмата. Овие проекти се реализираа со средства од локалната самоуправа.
ОУ Братство и Единство со нова фасада во новата учебна година
Компјутерите пристигнаа во гимназијата
Државата пак продолжи со реализација на проектот “Компјутер за секое дете“ во чии рамки неодамна 17 училници од гимназијата беа опремени со компјутери.И годинава најмногу проблеми има со учебниците, чие печатење за одредени одделенија доцни.