На Државниот натпревар по физика за основно образование кој се одржал на 16-ти мај 2015 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, учениците од охридските основни училишта постигнале извонредно високи резултати.
Прва награда освоиле учениците Теона Никовска IX одд, од ОУ „Кочо Рацин“ и Теодор Недевски IX одд од ОУ „Григор Прличев“, додека пак Втората награда и припаднала на ученичката Венеса Бакреска VIII одд од ОУ „Григор Прличев“.
Третонаградени биле учениците Виктор Стојановски IX одд од ОУ „Кочо Рацин“, Сара Митаноска IX одд, од ОУ „Св. Климент Охридски“ , Викторија Алексовска IX одд, од ОУ „Христо Узунов“ и Марија Танеска IX одд, од ОУ „Григор Прличев“.
Пофалници за постигнати добри резултати добиле учениците Теодора Китановска IX одд, од ОУ „Христо Узунов“ , Кирил Аврамоски IX одд, од ОУ „Ванчо Николески“, Сара Ставреска IX одд, од ОУ „Христо Узунов“, Ана Филипче IX одд, од ОУ „Григор Прличев“, Сара Сталеска IX одд од ОУ „Христо Узунов“, Ивона Ивица Сиљаноска IX одд од ОУ „Кочо Рацин“ и Виктор Блажески VIII одд од ОУ „Св. Климент Охридски“.
Одличните резлутати учениците ги постигнале благодарение на своите ментори односно училишните наставници, Силвана Крстеска, Славица Јолакоска Таштаноска, Галина Малезаноска, Вера Зороска и Цвета Андреска.
OhridNews