Во рамките на наставната програма за изучување на општеството, учениците од третите одделенија во Основните училишта „Христо Узунов“ , „Кочо Рацин“, „Братство-единство“ и „Климент Охридски“, вчера го одржаа својот час со посета на локалната самоуправа.


Во големата сала на општинската зграда тие ја имаа улогата на советници, пред кои првиот човек на општината, градоначалникот Александар Петрески, одговараше за природата и значењето на својата функција, за обврските што ги има пред граѓаните, за начинот на работа на општината, за тоа што е локална власт и за активностите во интерес на децата и училиштата.

Разбирливо за детската љубопитност, не изостанаа ни прашањата до градоначалникот од типот: каков ученик бил тој, што му е хоби, дали го сака  спортот, кои книги ги читал итн.

Ohridnews