Со осум одличја од кои три сребрени и пет бронзени се врати Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид кој учествуваше на престижниот турнир со меѓународен карактер ИТФ А класа „Чешка Опен 2017“ во Нимбурк.
На турнирот во Чешка кој има предзнак за најдобар во источна Европа учествуваа 570 теквондсти од Македонија, Русија, Украина, Чешка, Полска,Бугарија, Словенија, Молдавија,Естониа, Финска, Холандија, Франција, Словачка, Грција, Латвија и Полска.
Под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан и Ацо Јосифоски црн појас 4 дан охридските теквондисти пред очите на теквондо ИТФ џет сетот се прикажаа во одлично светло и го збогатија клубот со осум одличја и многу пофалби.
– Пред почетокот на турнирот бевме скептици за ваков епилог, бидејќи нашите натпреварувачи се со пониски појаси од останатите теквондисти. Но, по кој знае кој пат нашите членови не направија горди и среќни со преставувањето во вистинско светло на турнир кој во се наликуваше на Европското првенство. – рече Лазаревски.
Освојувачи на медали се:
Давид Крстески сребро борби деца до 10 години -32 кг
Божидар Димитриевиќ сребро борби деца до 14 години +50 кг
Миле Климоски сребро борби Б класа сениори -64 кг
Хриситјан Деспотоски бронза борби Б класа сениори -64 кг
Филип Јосифоски бронза борби Б класа сениори -64 кг
Давид Велковски бронза борби јуниори -51 кг
Филип Трифуноски бронза борби деца до 14 години +50 кг
Елена Јaнеска форми жолт појас девојки до 14 години
OhridNews