Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид викендов со учеството на А класа турнирот во Романија ќе ја заврши успешната пролетната сезона.

На „Романија Опен“ под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан , поранешен светски вицешампион охридските теквондисти ќе се натпреваруваат во форми и спаринг-борби поединечно, додека сениорите ќе уќествуваат и за специјални техники и тест на снага.

– И овој пат се надевам на успех од нашите преставници. Турнирот во Романија за нас е голем предизвик и така ќе одговориме на терените. – изјави Лазаревски кој им се заблагодари на спонзорите за укажата прилика.

OhridNews