Таеквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец – Охрид со учество на Меѓународниот ИТФ турнир за деца до 14 години кој ќе се одржи во Плевен соседна Бугарија ќе ја започне новата сезона.

Клубот ќе настапи со шест натпреварувачи кои ќе бидат предводени од тренерот Марјанчо Лазаревски.

  • Турнирот во Бугарија е одличен за започнување на есенската натпреварувачка сезона. Посебно што турнирот е органичен со возрасна категорија. Искуството ќе биде од големо значење за теквондистите кои треба да ги пратат повозрасните во клубот. – истакна тренерот.

Охридскиот клуб му се заблагодарува на генералниот спонзор ПН Метал кој е најзаслужен за учеството на турнирот во Бугарија.

OhridNews