Викендов во Суботица во соседна Србија се одржа Таеквон-до ИТФ А класа турнир „Србија Опен 2019“ на кој зеде учество и охридскиот клуб „ХВА РАНГ ИТФ”.

На овој престижен турнир учетвуваа 37 клубови од 12 земји од Европа, и тоа едни од нaјдобрите репрезентации во светот, што беше извонредно искуство за нашите натпреварувачи, учествувааа натпреварувачи од Украина, Чешка, Словачка, Унгарија, Австрија, Хрватска,Словенија, БиХ,Србија, Македонија, Грција, Бугарија.

На турнирот беа претставени и неколку дебитанти кои беа пријатно изненадување , а некои се закитија со нивниот прв медал. Најпријатно изненадување приредија најмладите девојчиња, Христијана Парулеска која се закити со сребрен медал, додека Софија Колушоска се закити со боронзен медал.

Од дебитантите Александар Пуцоски освои бронзен медал во категорија -60 јуниори 14-15 години. Јане Димов оваа сезона ја започна со 2 златни медали, освојувајќи прво место во форми јуниори за плав појас и борби јуниори -16-17 години +75 кг. Елена Јанеска која е носител на ученички зелен појас, го освои првото место во категорија девојки 12-13 години +55 кг.

Близначките Анастасија и Ангела во форми за јуниорки за жолт појас си го поделија златото и среброто со што ја продолжија нивната доминација во оваа дисциплина. Давид Крстески нашиот фаворит, два круга помина лесно, додека во полуфинале беше повреден и загуби од претсатвникот од Бугарија. На од одличниот старт на оваа сезона се ХВА РАНГ ИТФ освои 4 златни, 6 сребрени и 4 бронзени медали,вели Марјанчо Лазаревски претседател и тренер на клубот, кој од пред извесно време е носител на црн појас 5 дан.

OhridNews